Земјотрес во Албанија почувствуван и во Македонија

од Nikola Popovski
167 прегледи

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала утрово околу три часот по локално време ја погодил Албанија.

Епицентарот на земјотресот бил во Јадранското Море, на 37 километри од Драч.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар со седиште во Франција, длабочината на земјотресот бил 6,1 километар.

Земјотресот бил почувствуван и во Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска и Србија.

Засега нема информации за повредени лица или предизвикана материјална штета.

Слични содржини