Тошковски: МВР во иднина нема да брка вештерки, секој граѓанин знае кој душмански ја крадел Македонија

од Nikola Popovski
185 прегледи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски жали што СДСМ го напаѓа во однос на неговиот недвижен имот и тоа што, „опозициската партија излегува како заштитник и покровител на сите криминали на ДУИ во минатото“.

Вели дека очекувал да биде нападнат од ДУИ по однос на поднесените кривични пријави против внуците на Али Ахмети, Дрин и Бесијан.

-Сакам да најавам дека во иднина, МВР врз основа на докази и факти, ќе ги процесуира сите постапки за секој еден од оние кои што досега биле недопирливи и чие што име и презиме не смеело да се каже во истражните органи. МВР во иднина нема да брка вештерки, туку ќе биде насочено кон конкретни докази, особено за дејствија кои се на штета на Буџетот на државата и македонските граѓани. Жалам што на таков низок и дрзок начин беа фрлани пердуви и беше манипулирана јавноста во текот на вчерашниот ден. Очекувам уште пожестоки напади, рече Тошковски на прес-конференција.

Министерот додаде дека „секој македонски граѓанин знае кој душмански ја крадел Македонија“, а негова работа, како што вели, е сите сомненија да ги процесуира каде што има докази.

Слични содржини