Дали Тошковски и Јанушев се јавуваат и како соинвеститори за заедничка изградба на зградата, прашуваат од СДСМ

од Nikola Popovski
54 прегледи

Продолжуваат обвинувањата на релација владини функционери и СДСМ. Во низата сооопштенија, денеска од опозициската партија го обвинија министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски дека не сака да одговори на прашањата во однос на подарениот имот на генсекот на Владата, Игор Јанушев, во вредност од 325 илјади евра.

Според СДСМ, несериозна е изјавата на Тошковски дека информациите за скандалот се „расфрлани пердуви“.

-Дали Тошковски и Јанушев се јавуваат и како соинвеститори за заедничка изградба на зградата во центарот на Скопје? Како од државно земјиште, се приватизира, се менуваат сопственици, па се гради зграда, која на крај завршува со имот на Тошковски и Јанушев, повторно прашаа од „Бихаќка“.

Претходно од СДСМ објавија дека поклонетиот имот е заврен токму од адвокатот и министер Тошковски.

Првиот човек на полицијата денеска рече дека жали што СДСМ го напаѓа во однос на неговиот недвижен имот и тоа што, „опозициската партија излегува како заштитник и покровител на сите криминали на ДУИ во минатото“.

-Сакам да најавам дека во иднина, МВР врз основа на докази и факти, ќе ги процесуира сите постапки за секој еден од оние кои што досега биле недопирливи и чие што име и презиме не смеело да се каже во истражните органи. МВР во иднина нема да брка вештерки, туку ќе биде насочено кон конкретни докази, особено за дејствија кои се на штета на Буџетот на државата и македонските граѓани. Жалам што на таков низок и дрзок начин беа фрлани пердуви и беше манипулирана јавноста во текот на вчерашниот ден. Очекувам уште пожестоки напади, рече Тошковски на прес-конференција.

Тошковски и Јанушев имаат станови во подарениот имот на генсекот на Владата вреден 325.000 евра, обвинуваат социјалдемократите. Објавувајќи фотографии од зграда во строгиот центар на главниот град, портпаролката Богданка Кузеска посочи дека министерот за внатрешни во неа поседува стан од 146 метри квадратни и деловни простории од 46 метри квадратни со пазарна вредност од над 400.000 евра

Вчера реагираше и Јанушев. Вели дека не постои никакво подарено земјиште, иако ден претходно рече дека го добил од неговите родители.

-Има погрешно внесени податоци за што веќе е направена и корекција од моја страна. Истиот имот кој во моментов го поседувам, го поседував и во минатото и доколку било што беше проблематично владата на СДС и ДУИ имаше и повеќе од доволно време да постапува, вели во реакцијата Јанушев.

Слични содржини