Јамајка го ангажира Стив Мекларен за селектор

од Vladimir Zorba
23 прегледи

Јамајка го ангажираше Стив Мекларен како главен тренер на својата сенироска фудбалска репрезентација со двегодишен договор. „Без двоумење прифатив позиција која е совршена за мене во оваа фаза од кариерата“, изјави 63-годишниот поранешен селектор на Англија.

Мекларен ја напушта својата улога како тренер на првиот тим во Манчестер Јунајтед откако се врати на „Олд Трафорд“ во 2022 година за да биде дел од тимот на Ерик Тен Хаг, откако претходно работеше со Холанѓанецот додека беше на чело на Твенте.

„Реге Момците“ се без менаџер откако Хајмир Халгримсон си замина претходно во јули по разочарувачкиот настап на Копа Америка. Исландскиот селектор сега ја презеде Република Ирска.

„Уверени сме дека ја донесовме вистинската одлука и со нетрпение очекуваме тој да ја води нашата нација на Светското првенство во фудбал во 2026 година“, изјави Мајкл Рикетс, претседател на Фудбалската федерација на Јамајка.

Слични содржини