Јамајка ја призна државата Палестина

од Симе Стоиков

Владата на Јамајка објави дека донела одлука да ја признае државата Палестина поради загриженоста за конфликтот во Појасот Газа и хуманитарната криза во палестинската енклава.

„Оваа одлука е во согласност со силната посветеност на Јамајка на принципите на Повелбата на Обединетите нации, кои се обидуваат да промовираат меѓусебно почитување и мирен соживот меѓу државите, како и признавање на правото на луѓето на самоопределување“, соопшти Министерството за надворешни работи на Јамајка.

Досега, покрај Јамајка, палестинската држава ја признале и 140 земји од ОН, се наведува во соопштението.

Министерката за надворешни работи на Јамајка, Камина Џонсон Смит, изјави дека нејзината земја сака „мирно решение на израелско-палестинскиот конфликт преку дипломатски дијалог, а не со воени дејствија“, пренесува Ал Џезира.

Слични содржини