Анчелоти: Не сум загрижен за поразот од Барселона

од Vladimir Zorba
31 прегледи

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти денеска изјави дека не е загрижен за поразот од Барселона и истакна дека неговата главна цел е да ги врати играчите во форма до почетокот на сезоната, пренесуваат шпанските медиуми.

Фудбалерите на Реал Мадрид утрово беа поразени од Барселона со резултат 2:1 во пријателски натпревар, кој се одигра на стадионот Метлајф во Ист Радерфорд.

„Натпреварот беше со добар интензитет. Продолжуваме со подготовките. Ни недостасуваат осум играчи, резултатот не беше важен, бидејќи важно е играчите да се вратат во форма“, изјави Анчелоти.

Слични содржини