27
Премиерот Христијан Мицкоски попладнево информираше дека денеска на негов предлог, Владата донесе одлука за награда во износ од 3 милиони денари на кошаркарите до 18 години кои освоија злато на Европското кошаркарско првенство.
-Оваа “златна” генерација донесе 8 победи за Македонија. Горди сме на нивниот успех, со срце и енергија за Македонија и нејзината спортска промоција, објави премиерот на социјалните мрежи.
Младите кошаркари имаа 8:0 на Европскиот шампионат во кошарка за возраст до 18 години, Б дивизија и освоија златен медал.