СДСМ и ДУИ знаат дека доаѓа време за одговори – од одговорност никој не може да избега, велат од ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
18 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ смета дека барањето на ДУИ за сеопфатен и меѓународен ветинг на сите функционери е „начин како да не одговараат“. Ја повикаа и СДСМ да не се крие зад поранешниот коалициски партнер во Владата.

-Али Ахмети можеби е загрижен за внуците кои влегоа во милионски бизниси, без денар, а сега кога треба да дадат одговор како, повикува на меѓународен ветинг и заговара дестабилизација на државата, велат од партијата на Христијан Мицкоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со низа наводи зошто ДУИ претходно не барале ветинг.

-И Али Ахмети и СДС не бараа меѓународен ветинг кога МЕПСО му отпиша долг на синот на Муса Џафери и уште неколку фирми блиски до нив од 14 милиони евра. Немаше барање за меѓународен ветинг ниту кога братот на Филипче со Вице Заев влезе во бизнисот со струја. Доаѓа време кога од СДС и ДУИ треба да кажат како Заевци и Филипче станаа милионери, како влегоа во бизниси со струја, како Артан Груби бркаше подизведувачи на патишта. СДС и ДУИ знаат дека доаѓа време за одговори, зошто промените се случија, а од одговорност никој не може да избега. Се ќе биде ставено на виделина, бидејќи народот заслужува да знае кој и како ја ограбувал државата. Кој полнел торби, додека народот преживувал, децидни се од „Белата палата“.

Ова следува откако вчера од седиштето на ДУИ беше соопштено дека се разговарало „за лажната пропаганда и обвинувањата за корупција на високо ниво“.

-Оттука ги повикуваме сите политички партии, особено оние на власт, без одложување да се побара од меѓународната заедница мониторинг за сеопфатен ветинг на сите јавни функционери во последните 30 години. Овој чекор е клучен за зголемување на транспарентноста и враќање на довербата на граѓаните. Одбивањето на ова итно барање ќе покаже не само користење на лажни обвинувања за прикривање на вашата неспособност и коруптивност, туку и недостаток на храброст за соочување со вистината за корупцијата во земјата. Ги повикуваме политичките субјекти меѓународната заедница да делува сега за да го поддржи овој процес, стои во соопштението од ДУИ.

Партијата на Ахмети за денес најавува состанок на централното претседателство.

Слични содржини