ВМРО-ДПМНЕ: Голем е стравот кај ДУИ оти знаат дека треба да одговараат

од Nikola Popovski
36 прегледи

ДУИ сега знаат дека треба да одговараат за се што правеле, и затоа стравот е голем, велат од ВМРО-ДПМНЕ со соопштение околу наводите за можна дестабилизација на државата.

Од партијата на Христијан Мицкоски се децидни дека ДУИ не може да се помири со тоа што не се повеќе власт и тоа што нивните блиски повеќе не може да вртат милионски бизниси на грбот на државата.

-Додека народот се чудеше како да преживее од први до први, Артан Груби договараше подизведувачи по патиштата. ДУИ не работеше за Албанците, ниту за Македонците, ДУИ работеше за една тесна клика која очигледно им ја има киднапирано партијата. Обидите за дестабилизација се последните крици за спас на една криминална гарнитура и заштита на криминално стекнатите милиони. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи државата и народот да страдаат. Одговорност ќе има, соопштија утрово од партијата на власт.

Од партијата на Али Ахмети велат дека ќе ги употребат сите демократски механизми за почитување на волјата на граѓаните. Портпаролот на партијата, Арбер Адеми истакна дека Владата мора да го одрази меѓуетничкиот легитимитет и дека вистинскиот претставник во централната власт е токму нивната партија.

За ова, како што рече, ќе се консултираат со членството, локални и странски експерти. Ќе се консултираат и со американскиот експерт Пол Вилијамс, кого партијата го ангажирала да прецизира законско или уставно решение за таканаречениот мајски договор, поточно легализација на меѓупартиската коалиција по принципот „победник со победник“.

Нацрт-предлозите на Вилијамс, како што рече портпаролот на ДУИ, биле предмет на расправа на вчерашната средба на централното раководство на партијата.

Слични содржини