Поранешниот централен бек на Реал Мадрид, Бешикташ, Порто и Португалија, Пепе, објави дека се повлекува од фудбалот на 41-годишна возраст.
Во емотивното 33-минутно видео на YouTube, Пепе рече: „Сакам да му се заблагодарам на Бога што ми даде мудрост да го продолжам моето патување. Не можам а да не им се заблагодарам на сите претседатели кои се обложија на мене и веруваа во мене. Сите вработени во сите клубови во кои сум бил, кои ми помогнаа да растам и да се натпреварувам секој ден во фудбалот“.
Последен клуб на фудбалерот беше Порто, за кој настапуваше од 2019 до 2024 година. Пепе играше и за португалскиот гигант од 2004 до 2007 година.
Пепе играше за Реал Мадрид од 2007 до 2017 година. Во овој период одигра 334 натпревари на кои постигна 15 голови и 20 асистенции. Како член на Лос Бланкос, дефанзивецот три пати ја освојуваше Лигата на шампионите и три пати стана шампион на Шпанија.
Пепе за репрезентацијата на Португалија одигра 141 натпревар и постигна осум гола. Освои Евро 2016 и УЕФА Лигата на нации (2019).