Пепе: Ќе беше неправедно доколку не обезбедевме виза за Катар

од Nikola Popovski

Репрезентативецот на Португалија, Пепе, поради позитивниот ковид-тест, не можеше да им помогне на соиграчите во полуфиналето од баражот против Турција, но го зазеде своето место во тимот во синоќешниот решавачки дуел со Македонија.

39-годишниот дефанзивец на Порто без грешка командуваше со одбраната на домашниот тим, а по триумфот од 2-0 истакна дека би било неправда доколку неговиот тим не обезбедил виза за Катар.

„Последниве денови многу страдав. Сите знаете дека многу се грижам за себе, но овој пат не зависеше од мене. Ми беше многу тешко што не можев да му помогнам на тимот против Турција. Сепак, среќен сум што се опоравив на време и дадов свој придонес за пласманот на Португалија на Светското првенство“, изјави синоќа на прес-конференција Пепе и продолжи:

„Го заслуживме овој успех, имаше позитивна енергија во кампот и тоа ни донесе место во Катар. Би било неправда доколку не се пласиравме на Светското првенство бидејќи имаме одличен квалитет“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Слични содржини