Уапсен уште еден предизвикувач на пожар

од Nikola Popovski
37 прегледи

Денеска (09.08.2024) Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Македонски Брод до Основното јавно обвинителство Кичево поднесе кривична пријава против Д.Т.(57) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување шумски пожар“, казниво по член 227 став 5 од Кривичниот законик.

Пријавениот во повеќе наврати, на 15.07.2024, на 30.07.2024, 02.08.2024, на 05.08.2024 и на 07.08.2024 во атарите на с.Слатина и с.Грешница, општина Македонски Брод, предизвикувал пожар на отворен простор, кој се проширувал и настанувале пожари на поголема површина, каде горела трева и нискостеблести растенија.

Сите пожари биле изгаснати од екипи на Територијалната противпожарна единица Македонски Брод и Подрачното шумско стопанство „Сандански“ – Македонски Брод. При преземање на мерки во врска со пожарите, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го затекнале пријавениот Д.Т. на местото на настанување на пожар и при преглед кај него биле пронајдени предмети со кои може да се предизвика пожар. Со пријавениот бил извршен службен разговор, при што тој ги признал делата.

Претходно, на 07.08.2024 во 12 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода С.М.(50) од с.Ореше, општина Чашка, поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.

Тој се сомничи дека на 06.08.2024 околу 12.00 часот предизвикал пожар во реонот на с.Папрадиште кон с.Ореше, при што изгорела поголема површина со нискостеблеста шума и остатоци од сеча. Од него биле одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото, а во службен разговор во полициска станица тој го признал делото.

За настанот е известен јавен обвинител и поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по чл.288 од КЗ.

Слични содржини