Српските репрезентативци беа депресивни по поразот од Соединетите Американски Држави во полуфиналето на Олимписките игри во Париз, но капитенот Богдан Богдановиќ и Алекса Аврамовиќ не беа разочарани.
Уште повеќе, и двајцата репрезентативци на Србија истакнаа дека се горди на изданието на „орлите“ во дуелот против најдобриот тим во историјата на кошарката.
-Тежок пораз, но горди сме на се што направивме и нема да зборуваме за судиите. Дадовме се од себе, не се откажавме, игравме до крај, но тоа е кошарката. Сега нема да зборувам за Олимписките игри во Лос Анџелес, тоа е далеку, а сега сакаме да одиме по bronzata“, изјави Богдановиќ за РТС, додека Алекса Аврамовиќ истакна:
„Гордоста е она што не обзема. Ова е најдобриот тим во историјата на кошарката и покажавме дека не се плашиме од никого. Никој не се плашеше, тие се само луѓе од крв и месо како нас, и мислам дека игравме многу добро тактички. Има фраза „со или на штитот“ и навистина мислам дека ќе се вратиме на штитот. Имаме 40 часа одмор за мечот за третото место и се надевам дека бронзата ќе блесне со златен сјај“.