Владата најави разрешување на Верзиволи од функцијата ревизор за контрола на европските пари

од Nikola Popovski
413 прегледи

Владата ќе ја разреши Афрона Верзиволи од функцијата ревизор на ИПА фондовите, информираат од „Илинденска бр.2“. Во кусото соопштение, од Владата посочуваат и дека е потребно и вниманието да се насочи кон отворените злоупотреби на парите од ЕУ и фондовите ставени на располагање кои беа присутни во изминатиов период.

-Ја известуваме јавноста дека назначената Афрона Верзиволи во текот на утрешниот ден ќе биде разрешена од местото ревизот на ИПА фодновите.

Воедно потребно посочуваме дека е потребно и вниманието да се насочи кон отворените ,лоупотреби на парите од ЕУ и фондовите ставени на располагање кои беа присутни во изминатиов период а за кој постои и пишан траг и нотификација од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) кои поради таквото работење побаруваат од државата исплата на неколку милиони евра. Пренасочувањето на вниманието кон други теми го толкуваме како бегство од одговорност за ваквите злоупотреби. Одговорност ќе има, гласи реакцијата на прес-службата на Владата.

Претходно од ЕУ најавија дека внимателно ќе го испитаат ова владиното именување на Вервизоли која не е ревизор.

„Важно е сите назначувања на надлежни позиции во државните институции да се вршат со почитување на сите законски услови за работното место и релевантна стручност. ЕУ внимателно ќе ги испита именувањата од оваа перспектива, особено доколку тие се однесуваат на користењето на проекти и активности финансирани од ЕУ во Северна Македонија“, соопштиле од Делегацијата на ЕУ.

СДСМ обвини дека Владата поставува неквалификувани и осудени кадри. Како што рекоа од партијата на Венко Филипче, Верзиволи е целосно потценување на позицијата.

-Според достапните информации, Вервизоли работела на шалтер во банка, а сега ќе треба да биде главен ревизор на претпристапната помош во ЕУ. Ваков напредок во кариерата е можен само во Владата на Мицкоски, а кои се причините должен е да каже тој, обвинија од СДСМ.

Во ДКСК веќе стигнала анонимна пријава дека несоодветно и нестручно лице е поставено за главен ревизор на Ревизијата на претпристапната помош.

Слични содржини