Соопштението на ДУИ е како народната – ем шуто, ем боде, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
57 прегледи

Соопштението на ДУИ е како народната поговорка – ем шуто, ем боде, велат од ВМРО-ДПМНЕ откако претходно од партијата на Али Ахмети ја изразиja својата загриженост за силните реакции по нивното барање за меѓународно мониториран ветинг.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека „ДУИ е во паника зошто зетот на Ахмети, семејството на Муса Џафери, синови на нивни поранешни функционери и Пуцко Петрол нема да можат да градат кај ќе стигнат“.

-Кога ДУИ зборува за урбана мафија дали заборава на зетот на Ахмети, семејството на Муса Џафери и Пуцко Петрол? 7 години ДУИ ја држи урбаната мафија. Нема фирма која што гради, а да не е на некој начин поврзана со ДУИ. 7 години ДУИ направи градежен хаос и во Скопје и низ државата.

Нема повеќе дивоградби на Шар Планина, ниту пак на други места. А кога сме кај урбаната мафија нема веќе и Артан Груби да договара подизведувачи на патишта, децидни се од владеачката партија.

Од партијата од Мала Речица претходно прашаа „дали страв од ветинг е тесно поврзан со криминалната активност на урбаните мафијашки олигарси во општините“.

-Урбаната мафија не само што помогнаа да се создадат диви имоти, туку и донесоа сериозно стеснување на просторот за живеење на граѓаните. Времето за меѓународен ветинг да биде инклузивно и притоа никој да не биде исклучен, се вели во соопштението на ДУИ.

Партијата на Ахмети останува на ставот дека тие треба да се во власта и по одржаното централно претседателство најавија дека ќе ги употребат сите демократски механизми за почитување на волјата на граѓаните.

Слични содржини