67
Украинските сили мора да бидат протерани од областа Курск, а Русија ќе одговори на украинските напади, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
На седницата на Советот за национална безбедност тој посочи дека Украина се обидува да ја подобри својата преговарачка позиција со инвазија на регионот Курск, пренесува РИА.
„Но, за какви преговори можеме да зборуваме со луѓе кои пукаат во цивили“, рече Путин.
Тој оцени дека и Украина со нападот се обидува да го забави руското напредување на фронтот, додавајќи дека и покрај тоа руските сили напредуваат.
Путин додаде дека Украина ќе настојува да продолжи со дестабилизација на пограничните региони.