Филипче: Потребата да се одржи стабилноста на државата и на Владата го доведе СДСМ во позиција да отстапи премногу на ДУИ, но ја научивме лекцијата

од Vladimir Zorba
274 прегледи

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче смета дека една од причините зошто разочарувањето од новата Влада е толерирањето на беззаконието кое од првиот ден го спроведува ВЛЕН во Владата.

„Тие ги погазија основните вредности и принципи со кои ги придобија гласачите. Го напаѓаа СДСМ дека се однесува поданички кон ДУИ, но тие и покрај огромното мнозинство се во ситуација да замижуваат пред незаконските дејствија од албанскиот коалициски партнер. Да не ги споменувам и скандалозните назначувања кои Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги одобруваат“-изјави Филипче во интервју за неделникот „Фокус“.

Потребата да се одржи стабилноста на државата и на Владата го доведе СДСМ во позиција да отстапи премногу на коалицискиот партнер од албанскиот блок, ДУИ. Но, лекција од тоа добро ја научивме, признава тој. Според Филипче, иако целта на ваквите потези секогаш била заштита на интересот на граѓаните, сепак процесите не биле поволни за СДСМ.

„СДСМ не беше во поволна позиција во коалицијата со ДУИ со оглед на изборниот резултат и распределбата на гласовите. Во такви услови практично беше потребно постојано одржување на стабилноста на Владата. Тука можеби се отстапи премногу простор како во ресорите така и во јавниот комуникациски простор. Ова е лекција која добро ја научивме. Во иднина и по цена да не се формира Влада нема да дозволиме да бидеме во подредена позиција“, вели Филипче.

Слични содржини