УЖАС во Турција, позната одбојкарка пронајдена мртва

од Vladimir Zorba
524 прегледи

Пилар Викторија, одбојкарка на Порторико и турски Беледиеспор, беше пронајдена мртва во четвртокот во нејзиниот стан во Бурса.

Според турските медиуми, 28-годишната Викторија не се појавила на тренинг, што ги вознемирило челниците на нејзиниот клуб.

Кога стигнале до станот во кој живеела, го пронашле нејзиното безживотно тело.

Повеќе детали за трагедијата не се соопштуваат.

Во својата кариера, таа играше за Тексас Лонгхорнс и Арканзас Разорбекс во САД во колеџ конкуренцијата, а потоа играше во Италија, Унгарија, Франција и Порторико пред да потпише со Беледиеспор.

Со репрезентацијата на Порторико освои сребро и бронза на Панамериканскиот куп, истите медали ги освои на Игрите на Централнаамерика и Карибите, додека во 2018 година во Лима освои бронза во Челинџерс купот, а три години подоцна во Гвадалахара го освои среброто.

Повеќе информации ќе бидат познати по обдукцијата.

Слични содржини