Шарл Леклер ги воодушеви навивачите со неверојатна победа на Италијанското ГП, откако Скудерија стратешки ги надигра фаворитите од Мекларен. Ова е втора победа на Шарл во Монца од 2019 година, негова втора победа сезонава и вкупно седма во кариерата.
Пилотот од Монако влезе во бокс само еднаш и комплетираше 38 круга на тврдите гуми за да ја однесе победата, при што Оскар Пјастри, кој двапати влезе во бокс, заврши помалку од 3 секунди зад него. Трет беше Ландо Норис во другиот болид на Мекларен, кој го загуби водството во првиот круг, нападнат од Пјастри. Двајцата возачи на Мекларен беа оставени слободно да се тркаат од почеток до крај, а пред финишот од боксот решија да не ги менуваат местата и Пјастри го задржа второто место.
Светскиот шампион на Ред Бул, Макс Верстапен, заврши на шестото место и во ниту еден момент од трката не беше во темпо да предизвика места за подиумот.
Со денешниот двоен подиум, Мекларен ја намали предноста на Ред Бул на 10 поени во битката за светската титула кај конструкторите по Големата награда на Италија.