47
Нов земјотрес ја стресе Македонија, откако потрес со јачина од 2,1 степен по Рихтер утрово е регистриран во источниот дел од земјата.
Според информациите на ЕМСЦ, епицентарот е кај Берово на длабочина од 10 километри.
Земјотресот е почувствуван и во соседна Бугарија. Засега нема информации за материјална штета.
Ова е втор земјотрес во последните 24 часа во земјава, по вчерашниот потрес од 3,4 степени според Рихтеровата скала.
Според информациите од ЕМСЦ, земјотресот беше регистриран на 13 километри северо-источно од Демир Капија. Земјотресот бил со длабочина од 9 километри.