Мицкоски мораше да признае дека инвестицијата е донесена во времето на СДСМ, велат од „Бихаќка“

од Nikola Popovski
19 прегледи

СДСМ ја „поздрави“ денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски околу заслугите за носењето на инвестицијата на германската компанија „BMZ Group“, вредна 65 милиони евра.

-Последната инвестиција на германската BMZ е последната од низа инвестции целосно сработени од СДСМ кои Мицкоски се обиде да ги прикаже како свои, па откако јавноста реагираше, тој конечно мораше да признае дека инвестцијата е донесена во времето на СДСМ, а потпишана од тогашниот Вицепремиер Фатмир Битиќи, велат од најголемата опозициска партија.

Од СДСМ исто така бараат владата на ВМРО-ДПМНЕ да престане со евтините пропагандни манипулации и да се фокусира на она што е навистина важно – решавање на реалните проблеми на граѓаните.

Претседателот на Владата денеска му се заблагодари на Битиќи, но констатираше дека не ја завршил работата до крај.

-Вчера поранешниот вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи кажа дека ја донел инвестицијата. Јас од мое име сакам да му се заблагодарам што го водел процесот, но жалам што не успеал да го заврши до крај. Претпоставувам дека не успеал да ги убеди граѓаните на 8-ми мај, како што ги убедувал неговите сопартијци, рече денеска Мицкоски по почетокот на изградбата на новата германска инвестиција во ТИРЗ 2.

Премиерот нагласи дека „Битиќи доживеал дебакл, па актуелната Влада со инвеститорот морала да го заврши процесот“. Тој најави дека и понатаму ќе следуваат вакви слични инвестиции.

-Можам да кажам дека во првите години ќе имаме до кај 35, 40 милиони евра максимум 60 милиони во првите три години извоз, понатаму може тој извоз да достигне и до 130 па и повеќе милиони евра, нешто што позитивно ќе влијае за нашата македонска економија, рече меѓу другото премиерот.

Слични содржини