45
Единицата за насилен криминал-Одделение за крвни деликти при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по итна постапка за кривично дело „полов напад и силување“ предвидено и казниво по член 186 ст. 1 в.в. чл. 19 од КЗ против С.Г. (31) од Скопје затоа што на 05.09.2024 околу полноќ на подрачјето на Кисела Вода се обидел да изврши обљуба врз 30 – годишна жена од Скопје.
С.Г. е лишен од слобода, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.