И НАТО ни честиташе по повод Денот на независноста

од Nikola Popovski
22 прегледи

Покрај САД и ЕУ, и северноатланската алијанса НАТО упати честитка до Македонија по повод 8 Септември – Денот на независноста.

Преку објава на платформата X, НАТО Алијансата повикува на придружување во славењето на Денот на независноста, на како што велат „нашиот сојузник Северна Македонија“.

– Ретвитирајте за да ни се придружите во славењето на нашиот сојузник Северна Македонија на денот на нивната независност!, стои во објавата на платформата Х на НАТО Алијансата.

Во своето обраќање на Свечената академија по повод 33-годишнината од независноста на државата, премиерот Христијан Мицкоски соопшти десет принципи околу кои, како што нагласи, треба да се создаде заедништво и сплотеност на сите фактори и општествени чинители. Мицкоски потенцираше дека мора да се воспостави правда и правна држава, да се прекине со партизација во општеството, како и да не се создаваат етнички конфликти и поделби.

Слични содржини