ВМРО-ДПМНЕ бара од СДСМ да се исчисти од сопствените криминали и да се реформира

од Nikola Popovski
76 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение порача дека е потребно СДСМ да реформира и да се откаже од криминалот, а потоа да прифати се она што лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски вчера го понуди како платформа на обединување.

Од најголемата владеачка партија ги повторија принципите за обединување:

1. Правда и правна држава
2. Стоп за партизацијата на општеството
3. Крај на етничките конфликти и мегаломанските барања зад кој се кријат лукративните интереси
4. Да го заштитиме и подобриме стандардот на граѓаните
5.  Праведно општество
6. Силно образование
7. Исполнување на стратешката цел за членство во ЕУ
8. Национално и државно единство
9. Борба против иселувањето
10. Градење на заеднички патриотизам

-Со лицемерна и дволична политика, со истите и стари и потрошени кадри не се гради единство. СДС да се исчисти од криминалот и да ги прифати овие принципи за заедништво, додаваат од партијата на власт.

Мицкоски во својот говор на свечената академија „Заедно се бориме, заедно ќе успееме“ по повод Денот на независноста – 8 септември, побара единство и обединување во општеството. Исто така испрати порака до лидерите во опозицијата да се обединат.

-Исчистете се од криминалот во своите редови и реформирајте се. Прифатете го ова што го нудам како платформа. Сите партии и чинители да седнеме на заедничка маса и да изградиме македонска платформа за делување, за иднината и наредната доба. Од нас зависи, во наши раце е иднината и ние можеме. Во оваа прилика сакам да се обратам и до опозицијата која тоне во безидејност и конструктивност. Ве повикувам да престанете со деструктивни игри. Дојде време да завртите нова страница во која ќе бидете активен учесник во градењето на заедничката држава. Силна опозиција е од суштинско значење, додаде меѓу другото, Мицкоски во своето обраќање пред присутните во салата на Македонската филхармонија.

-Како нација имаме две големи цели. Првата мораме да го победиме разочарувањето кај секој еден човек кој е напластено од сите претходни порази и неуспеси. Втората е уште поголема цел, а тоа е да го сузбиеме криминалот и корупцијата метастазирана во сите делови од општеството. Денес голем дел од луѓето сосема оправдано се разочарани од многу работи. Таквото разочарување е плод на континуирано рушење на системот и газење на базичните принципи и отстапки кои се правени во децениите претходно, додаде премиерот.

Крај на партизацијата, компетентноста и способноста на прво место, мораториум на етнички теми зад кои стои лукративниот интерес на поединци, економските реформи, подобар стандард.

-Изминативе три децении имаше многу порази и разочарувања, но битката не смее да престане, заедно и обединети ќе успееме, порача премиерот Мицкоски.

Слични содржини