Митева бара од Антикорупциска да отвори случај за становите на Филипче

од Nikola Popovski
87 прегледи

Пратеничката и портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева изјави дека СДСМ и нејзиниот лидер молчат повеќе од 48 часа за 5-те станови на Венко Филипче во Скопје, кои сега ги пријавува дека ги поседува, дури 6 години откако станал носител на службена функција, а ги добива пред да влезе во политиката.

„Загрижувачки е и молкот од надлежните институции. Доволно е да се погледнат двата анкетни листови на Филипче од 2018 и 2024 година и ќе се дојде до едноставен заклучок дека имотот што сега го поседува е купен пред 2018 година, но не го пријавил кога станал министер. Уште позачудувачко е тоа што не го пријавил богатството што го пријавил во 2018 година, ниту приходите од продажбата“, изјавила Митева.

Таа ја повикала Антикорупциската комисија веднаш да отвори предмет и да започне постапка против Филипче.

„Недвижниот имот што Филипче го пријавил во 2018 година, а сега го нема, е над 600.000 евра. Каде е имотот и ако го продал зошто не ги пријавил парите? Недвижниот имот кој Филипче пак го пријавил во 2024 година, а потенцираме е стекнат пред 2018 година, согласно достапните информации може да се процени на над 700.000 евра. Дали Венко Филипче криел имот и притоа заборавил што пријавил во 2018 година? Колку уште имот крие Венко Филипче? Ако се собере вредноста на недвижниот имот на Филипче од 2018 и 2024 година се доаѓа до сума од над 1.3 милиони евра.

Институциите не смеат да останат неми. Филипче и СДС наместо да молчат треба да почнат да даваат одговори“, изјави Митева, која пред неколку дена го повика и Јавното обвинителство сериозно да се занимава со Анкетниот лист на претседателот на СДСМ.

Слични содржини