Поминаа 20 дена од скандалозното признавање на вината и спогодба меѓу членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мехмети и Ислам Абази, двајцата првенци на ДУИ. Поминаа 15 дена откако прашавме каде е Дрин Ахмети и дали е вистина дека е испратен во странство. Поминаа три дена откако објавивме дека шефот на огранокот на Села во Боговиње е уапсен поради профит од нелегално коцкање преку Интернет, велат од коалицијата ВЛЕН преку соопштение.
Трите партии кои се дел од заедничката коалиција наведуваат дека од сите страни пристигнуваат информации и докази за скандалите од различни институции поврзани со кадрите на претходната влада.
-Се однесувале како државниот буџет да е приватна каса за задоволување на нивните страсти. Ахмети и Села упорно молчат, и наместо да се извинат, најавуваат посети на нивните ограноци. Изгледа дека го храбрат членството со нова порција лаги – дека час поскоро ќе се вратат на власт, истакнуваат од ВЛЕН.
Оттаму се децидни дека актуелното раководство на ДУИ сè уште е заглавено во минатото од пред 15 години кога Албанците сè уште веруваа дека навистина се борат за своите права.
-Допрва ќе почне да се одмотува клопчето кое ќе ги разоткрива вистинските лица на политичките богаташи чија единствена цел било безмилосно да се граба од народните ресурси.
Бидејќи Ахмети и Села упорно ја игнорираат пораката на албанските гласачи од 8-ми мај, ќе добијат уште погласна и појасна порака на локалните избори следната година, порачаа од ВЛЕН