СДСМ: Законот за бранители воопшто не ги подгрева меѓуетничките тензии

од Nikola Popovski
39 прегледи

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче заедно со останатите пратеници од неговата партија и коалицијата денеска порачаа дека Законот за бранители е со цел да се излезе во пресрет на реалните потреби на луѓето. Потенцира дека се што може да направат во интерес на граѓаните, ќе продолжат да го прават.

-Воопшто нема димензија на некоја меѓуетничка поделба или подгревање на меѓуетнички тензии, рече Филипче на прес-конференција во Собранието.

Челникот на СДСМ вели дека се подготвени да разговараат за сите аспекти на законот.

-Можеме да отвориме дебата на парламентарната комисија, меѓу парламентарните групи и да видиме дали треба некој дополнителен чекор, да се задоволат и некоја друга категорија на граѓани. Стоиме на тоа да ги задоволиме потребите на граѓаните, дециден е Филипче, додавајќи дека ги почитуваат реакциите на јавноста.

Според него, пратеничката група на СДСМ била присутна во собраниската сала и ги демантира тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски дека излегле кога требало да се гласа дневниот ред на седницата, на која што се ставил и предлог-законот за бранители.

Слични содржини