Стојановски: Во јавни здравствени установи без согласност на МЗ набавувани лекови кои не се на листата на ФЗО

од Vladimir Zorba
57 прегледи

Според информациите кои ги имаме, а според извршените контроли од ФЗОМ и другите надлежни институции нотирани се бројни самоволија во здравствените установи, кои очигледно често биле резултат на личен интерес, соопшти денеска на прес-конференција Бојан Стојановски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„При контролите констатирани се набавки на лекови кои не се на листата на лекови што со општ акт ја утврдува Фондот за здравствено осигурување, на кој министерот за здравство дава согласност, но за истите ЈЗУ нема обезбедено претходна согласност од Министерството за здравство и Фондот и тоа во следниве ЈЗУ: Здравствен дом – Гостивар, Здравствен дом – Струга, УК за државна кардиохирургија – Скопје, УК за нефрологија – Скопје, УК за психијатрија – Скопје, Клиничка болница – Тетово, Општа болница – Струга, Општа болница – Струмица, Општа болница со проширена дејност – Дебар.

Злоупотреби се правени и во делот на дежурствата. Имено при контролите евидентиран е случај во ЈЗУ, каде се пресметува и исплаќа додаток за дежурство, но на контролата не и е дадена на увид согласност од Министерство за здравство, за обезбедување непрекинато вршење здравствена дејност со работа со дежурство во: УК за максилофацијална хирургија – Скопје, УК за државна кардиохирургија – Скопје, УК за нефрологија – Скопје, УК за психијатрија – Скопје, Општа болница – Струмица“, вели, меѓу другото, Стојановски.

Слични содржини