Стојановски: Ќе се договориме дали ќе има јавен градски превоз од 17 часот, утре од 4:45 нормално ќе функционира

од Vladimir Zorba

Ќе се договориме дали денеска од 17 до 24 часот ќе имаме јавен градски превоз во Скопје или не, но утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски ќе продолжи нормално да функционира како во деновите наназад, најави претседателот на Синдикатот на ЈСП Скопје, Миќо Стојановски по завршувањето на вонредната седница на Советот на Град Скопје на која беше донесена одлуката за доделување собвенции на јавното градско сообраќајно претпријатие.

-Благодарност до луѓево позади, 500 луѓе што денеска ни дадоа голема поддршка и смрзнаа на овие минусни температури. Благодарност и до 25-те советници во Советот на Град Скопје кои се и од опозицискиот дел што веќе е донесена одлука целосната субвенција за 2024 година на ЈСП да се префрли дали одеднаш или како ќе се договорат за да бидеме мирни во 2024 година, изјави Стојановски по завршувањето на седницата.

Претходно, Советот на Град Скопје со 25 гласа „за“ и ниту еден против и воздржан на денешната 14. вонредна седница ја донесе одлуката за давање на субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година во висина од 11 милиони евра.

Слични содржини