Вечерва стартува Лигата на шампиони (ЛШ) во новиот формат

од Milan1
18 прегледи

Со шест натпревари вечерва стартува воведното коло во фудбалската Лига на шампиони (ЛШ) во новиот формат. За прв пат од ребрендирањето на ЛШ ќе учествуваат 36 клубови, а ќе се одиграат осум кола, во термините од 18:45 и 21 часот.

Во секое коло ќе се играат по 18 натпревари, распределени во три денови, од вторник до четврток.

Групната фаза на ЛШ ќе трае до 29 јануари 2025 година.
Осумте првопласирани екипи ќе обезбедат директен пласман во осминафиналето, додека екипите од 9 до 24 место ќе играат плејоф за преостанатите осум осминафинални места. Клубовите кои ќе завршат од 25. до 36. место ќе ја завршат европската сезона.

Дербито на вечерта се игра во Милано каде Милан е домаќин на Ливерпул.
Бранителот на титулата Реал го пречекува Штутгарт, а преостанатите двојки се: Јувентус – ПСВ, Јанг Бојс – Астон Вила, Баерн Минхен – Динамо Загреб и Спортинг – Лил.

Слични содржини