Нејмар ќе стане слободен агент за помалку од две недели, кога ќе му истече договорот со Сантос, но воопшто не мора да се грижи за својата иднина. Tој има понуда од неговиот сегашен клуб за продолжување на соработката, како и покани од неколку европски клубови, вклучувајќи ги и оние што учествуваат во Лигата на шампионите.
Неговиот татко и менаџер, Нејмар Сантос не ги споменува имињата на потенцијалните работодавци за 33-годишниот напаѓач, но ги трие рацете од задоволство затоа што неговиот наследник има доволно опции и избори.
„Гледам пазар кој е заинтересиран. Одиме во Мајами за да преговараме со клубовите. Ќе ги слушнеме и ќе одлучиме што да правиме. Да, европски клубови исто така го бараат. Некои од нив играат во Лигата на шампионите. Тие знаат дека може да има одлична сезона. Бразилскиот пазар е исто така интересен за нас, но и останувањето во Сантос до Светското првенство во 2026 година“, изјави Нејмар постариот за американските медиуми.
Нејмар пристигна во Сантос на почетокот на годината, а пред тоа го носеше дресот на Ал Хилал, иако од 2023 година до крајот на ангажманот имаше премногу проблеми со повреди. Тој пристигна од Барселона во Пари Сен Жермен како најскапо платен играч досега, а со францускиот клуб, а особено со шпанскиот, освои многу трофеи.
Нејмар одигра 128 натпревари за Бразил и постигна 79 гола, и е најдобриот стрелец на „кариоките“ во историјата на националниот тим.