40
Уште еден земјотрес бил почувствуван на тлото на Македонија по синоќешниот во околината на Скопје. Епицентарот бил во западниот дел на земјата, недалеку од Лазарополе. Јачината била 2,2 степени според Рихтеровата скала.
Длабочината на потресот е 15 километри. Земјотресот е регистриран во 12 часот и 15 минути.
Земјотрес беше почувствуван и во понеделникот во раните утрински часови. Утрово 2 часа по полноќ, земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во близина на главниот град.
Земјотресот бил регистриран на длабочина од околу 10 километри, а епицентарот бил на 14 километри од Студеничани, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
И во двата случаи, нема објавено информации за евентуална материјална штета.