Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп кажа денес дека Соединетите Американски Држави треба да се повлечат од Украина и дека демократската претседателка Камала Харис и претседателот Џо Бајден не планираат тоа да го направат.
„Бајден и Камала нè вовлекоа во војната во Украина и сега не можат да нè извлечат. Не можат да нè извлечат“, кажа Трамп во својот говор во сојузната американска држава Џорџија.
САД официјално немаат војска во Украина, но ѝ пружаат воена и финансиска помош вредна милијарди долари.
„Мислам дека сме заглавени во таа војна, освен ако станам јас претседател. Ќе ја завршам. Ќе преговарам и ќе се извлечеме. Мораме да се извлечеме. Бајден вели „нема да заминеме додека не победиме“. Што ќе се случи ако тие победат?“, кажа Трамп.