Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, во неделата изјави дека поранешниот претседател Доналд Трамп мора да победи на изборите на 5 ноември за Америка да ја зачува својата демократија.
„Многу малку Американци сфаќаат дека ако Трамп НЕ биде избран, ова ќе бидат последни избори“, објави Маск на својата социјална мрежа Х.
„Далеку од тоа дека е закана за демократијата, тој е единствениот начин таа да се спаси!“, порача шефот на Tesla.
Very few Americans realize that, if Trump is NOT elected, this will be the last election. Far from being a threat to democracy, he is the only way to save it!
Let me explain: if even 1 in 20 illegals become citizens per year, something that the Democrats are expediting as fast… https://t.co/u3HBdd5Bv0
— Elon Musk (@elonmusk) September 29, 2024
Маск изнесе теорија според која демократите ги забрзуваат правните процедури за оние кои илегално емигрирале во САД да станат граѓани и да добијат статус на гласачи. Маск верува дека овие нови гласачи ќе им бидат лојални на демократите на изборите и дека демократите на крајот ќе доминираат во американската политика поради тоа.
„Дозволете ми да објаснам: ако само 1 од 20 илегалци годишно стануваат граѓани, нешто што демократите го притискаат што е можно побрзо, тоа би било околу два милиони нови легални гласачи за четири години. Маргината на гласање во „свинг“ државите (држави кои влијаат на исходот од изборите во САД -н.з.) е често помала од 20.000 гласови. Тоа значи дека, ако успее „Демократската“ партија, повеќе нема да има „свинг“ дрѓави!“, напиша Маск.
Тој претходно ја поддржа кампањата на Трамп и ги обвини претседателот Џозеф Бајден и потпретседателката Камала Харис дека ги преместуваат барателите на азил „директно во држави како Пенсилванија, Охајо, Висконсин и Аризона“ за да се постигне таа цел имаат стабилна предност.