Трамп му се заканува на Google со кривично гонење доколку победи: Изнесе сериозни обвинувања против технолошката компанија

од Vladimir Zorba
40 прегледи

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и републикански претседателски кандидат, изјави дека доколку биде избран, ќе побара истрага за работењето на Google.

Изборите се на 5-ти ноември, а оваа изјава од минатиот петок е инспирирана од неговото тврдење дека компанијата објавува само „лоши приказни“ за него.

Во својата објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп не обезбеди докази за своите тврдења за Google, пишува Reuters.

„Утврдено е дека Google незаконски користел систем за прикажување само лоши приказни за Доналд Трамп, некои измислени за оваа намена, а во исто време открива добри приказни за демократската кандидатка Камала Харис“, рече Трамп.

„Ова е нелегално, се надевам дека Министерството за правда ќе гони за ова очигледно мешање во изборите“, рече Трамп: „Ако не, во согласност со законите на нашата земја, ќе барам нивно гонење на сите нивоа, кога ќе победам на изборите и ќе станам претседател на САД“.

Google не одговори веднаш на барањето за коментар.

Трамп имаше слично тврдење за перформансите на Google во 2019 година, според Вашингтон пост. Тој во тоа време во серија објави на Twitter изјави дека Google ги фаворизирал негативните приказни за него за време на претседателските избори во 2016 година. Google, во тоа време, ги отфрли обвинувањата.

Сепак, во изминатите недели дел од поддржувачите на поранешниот претседател повторно ги изнесоа истите тврдења. Во јули, неколку дена по обидот за атентат на Трамп, милијардерот Илон Маск во објава на Х, која беше наречена Twitter пред да стане негова сопственост, го обвини Google дека го забранил пребарувањето за поранешниот претседател.

Слични содржини