НАРЦИСОИДНО ПОРЕМЕТУВАЊЕ НА ЛИЧНОСТА (NPD) е јавно здравствен проблем поради штетата што ја предизвикува на другите, според психологот и истражувач Патриша Хејли.
„Ова нарушување не е ретко – го има кај 7,7 проценти од мажите и 4,8 проценти од жените, а особено е опасно за оние кои бараат партнерство бидејќи често може да има романтични интеракции со нарцисите“, истакна таа за „Psychology Today“.
Така, за да не предупреди за нарцисите, таа издвои три рани индикатори кои откриваат нарцисоидни партнери.
1. Нездрава потреба за љубов и внимание
Нарцисите често создаваат лажна слика за себе која изгледа привлечно за да ги придобијат другите, истакнува Хејли.
„Нивниот шарм може да изгледа како продажен трик, но тие не можат вистински да сакаат некого затоа што немаат емпатија. Наместо тоа, тие ги гледаат другите како предмети што можат да ги користат за свое задоволство“, забележува истражувачот.
2. Чувствителност на критики
За да го заштитат својот кревок внатрешен свет, нарцисите често ја искривуваат реалноста. На првиот состанок, тие може да покажат знаци дека не сакаат да прифаќаат критики и да тврдат дека се „добри луѓе“.
„Во подоцнежните фази, тие може да се налутат или да манипулираат со вашето чувство на сигурност, создавајќи атмосфера на страв или вина“, објаснува Хејли.
Овој метод им овозможува на нарцисите лесно да манипулираат со другите луѓе.
3. Стремеж за моќ и контрола во врската
Хејли истакнува: „Нарцисите сакаат да имаат целосна контрола во врските, што може да резултира со еднострани врски“. Тие може да покажат знаци на посесивно однесување и да манипулираат со вас користејќи интимност или љубов како средство за притисок.
„Оваа потреба за моќ често се поврзува со недостаток на емпатија, што може да доведе до токсична динамика во односите. Лесно е да се заљубите во нарцис, но можете да спречите болка и збунетост ако знаете на што да обрнете внимание“. заклучи истражувачот.