Салах испиша историја во Лигата на шампионите против Болоња, го симна од трон легендарниот Дрогба

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Египќанецот Мохамед Салах е познат како едно од најдобрите крила во светот откако пристигна во Ливерпул во 2017 година.

Салах ги освојуваше срцата на навивачите на Ливерпул, но и на сите љубители на фудбалот, а од сезона во сезона редовно ги тресе противничките мрежи.

Со 217 гола, Египќанецот е трет најдобар стрелец на „црвените“ на сите времиња, а пред него се само Јан Раш (339) и Роџер Хант (262).

Салах синоќа го постигна триумфалниот гол на својот тим против Болоња, со што се искачи на 45 во Лигата на шампионите.

Така, Египќанецот стана најдобар африкански стрелец во најелитното клупско натпреварување во светот, оставајќи го зад себе Дидие Дрогба со 44 голови. Трет е Самуел Ето со 30 гола.

Салах погодуваше во дресот на Базел, Челси и Ливерпул.

Слични содржини