16
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер би го земал за соиграч младиот дефанзивец на Арсенал, Вилијам Салиба.
Германскиот репрезентативец беше запрашан со кој дефанзивец би сакал да потпише шпанскиот гигант, а тој одговори, цитиран од специјалистот за трансфери Фабрицио Романо на социјалните мрежи, дека тоа е Салиба.
Договорот на 23-годишниот Французин со лондонскиот клуб е до летото 2027 година. Тој потпишан со Арсенал во 2019 година, а претходно настапуваше за Сент Етјен.
„Би рекол Вилијам Салиба! Многу сум среќен што го имаме Едер Милитао! Но, има толку многу натпревари, па би имале можност да ротираме. Би било одлично“, изјави Рудигер.
Тој и Милитао креираат едно од најдобрите дефанзивни партнерства во светскиот фудбал.