14-месечно бебе почина на Детската клиника

од Nikola Popovski
40 прегледи

14-месечно женско бебе починало денеска на Клиниката за детски болести при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Според полицијата, околу 04.50 часот на Клиниката, (В.С.) 29-годишен маж од село Гошинце и неговиот брат, оштетиле инвентар во болницата откако починало детето на В.С.

„Денеска (05.10.2024) во СВР Скопје е пријавено дека околу 04.50 часот на Детската клиника во Клинички центар ‘Мајка Тереза’ В.С. (29) од с. Гошинце и неговиот брат Б.С. (35) од с. Гошинце оштетиле инвентар во болницата откако починала едногодишната ќерка на В.С., која, според пријавеното, била донесена со Итна медицинска помош во болницата околу 03.45 часот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, стои во билтенот на МВР.

Директорот на Клиниката доктор Реџеп Мемеди потврдил дека почнало бебе рано утринава, но дека сите органи работат на утврдување на причините.

Слични содржини