Трамп го шокираше светот со нов испад: „Има многу лоши гени кај мигрантите во САД“

од Nikola Popovski
44 прегледи

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека во Соединетите Американски Држави (САД) има „многу лоши гени“. Тој го кажа ова на собирот, додека зборуваше за убиствата наводно извршени од мигранти кои нелегално живеат во САД.

„Многу од нив убија многу повеќе од едно лице, а сега живеат среќно во САД. Тоа е во нивните гени. И ние во моментов имаме многу лоши гени во нашата земја“, рекол тој.

Трамп мислел на писмото од Службата за имиграција и царина до републиканскиот претставник Тони Гонзалес, објавено минатиот месец, во кое се покажа дека 13.099 лица осудени за убиство се на списокот на американската Агенција за миграција.

Тој список вклучува различни имигранти кои влегле во земјата легално и нелегално, а многу луѓе од оваа категорија не се во притвор на имиграциските власти бидејќи се наоѓаат во државни или федерални затвори, пишува Ројтерс.

Во соопштението, кампањата на Трамп застана во одбрана на коментарите на поранешниот претседател, велејќи дека тој зборува само за убијци, а не за имигранти.

„Претседателот Трамп јасно мислеше на убијците, а не на мигрантите. Прилично е одвратно што медиумите секогаш толку брзо ги бранат убијците, силувачите и нелегалните криминалци, ако тоа значи да напишат лош наслов за претседателот Трамп“, рекла портпаролката на кампањата на Трамп, Каролин Ливит.

Белата куќа ги осуди изјавите на Трамп.

„Таков јазик е омразен, одвратен, несоодветен и за него нема место во нашата земја“, вели портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.

Иако има малку податоци за имиграцискиот статус на криминалците, академските истражувачи тврдат дека имигрантите кои живеат во земјата нелегално не вршат злосторства почесто од Американците родени во САД или натурализираните Американци, пренесува Ројтерс.

Слични содржини