ДУИ: Тачи ќе продолжи да дејствува како опозиција и ќе има редовни консултации со Ахмети

од Nikola Popovski
204 прегледи

Поранешната пратеничка од редовите на ДУИ.,Арта Биљали-Зендели денеска соопшти дека после вчерашните изнесени ставови на Мендух Тачи, „на сите им е јасно како ќе гравитира (лидерот на ДПА) во блиска иднина“. Што се однесува до парламентарната група на Европски фронт, Зендели има впечаток дека „коалицијата ќе продолжи да дејствува опозициски и во полн состав“.

Членката на ДУИ истакна дека Тачи ќе продолжи да дејствува како опозиција и ќе има редовни консултации со лидерот на партијата, Али Ахмети.

Според неа, се што се случува околу Европскиот фронт, одговорностите ги сносат лидерите и пратениците на партиите кои ја сочинуваат коалицијата.

-Пратеничката група е единствена. Засега не, кратко рече екс-пратеничката на прес-конференција откако беше запрашана дали постои страв дека некои пратеници од ДУИ можат да преминат во владеачкото мнозинство.

 

Слични содржини