Коста го обвини својо татко за масакрот во „Рибникар“: Да не го направеше тоа…

од Vladimir Zorba
76 прегледи

„Да го немав пиштолот на татко ми, немаше да го направам масакрот. Оружјето ми беше на дофат“, неофицијално во Специјалниот суд изјавил К.К. (14) додека давал исказ во постапката против неговите родители Миљана и Владимир Кецмановиќ, пишуваат српските медиуми.

Вака момчето кое го изврши масакрот ја префрли целата одговорност на својот татко.

Негативно зборуваше и за својата мајка. Рече дека барала од него „да биде најдобар во се“.

– Апострофираше дека токму нејзиниот модел на однесување бил поттик за да одлучи да ги убие пријателите и чуварот – вели еден од изворите кој бил на судењето, цитиран од „Телеграф“.

Момчето на 3 мај минатата година во масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ уби девет ученици и училишниот чувар, денеска за прв пат се појави пред семејствата на убиените деца.

Следното рочиште е закажано за 17 октомври во зградата на Специјалниот суд на улицата Устаничка во Белград.

Слични содржини