Ѓоковиќ година и пол бил на ригорозна диета: Не јадел 16 часа дневно, а денот го започнувал со овој пијалок

од Vladimir Zorba
460 прегледи

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој според многумина е еден од најдобрите во историјата на белиот спорт, еднаш откри дека година и пол бил на ригорозна диета.

Постел по 16 часа дневно, во тој период пиел само вода, а потоа за осум часа го „трупал“ целиот свој калориски внес во телото.

За 24 часа, тој не јаде 16 часа, а потоа на осум часа ги внесува сите оброци.
Оваа диета се нарекува автофагија, а нејзината цел е да го прочисти телото, заслужна е за бројни здравствени придобивки, но не е за секого. Во периодот кога ја практикуваше, Новак стана еден вид глобален амбасадор затоа што беше меѓу најистакнатите јавни личности кои јадеа според овие упатства.

„Популарен е тој тип на пост 16-8, не се јаде 16 часа, а потоа се јаде осум. Затоа имав повеќе енергија во текот на денот и помалку пад на енергијата“, рекол тогаш Ѓоковиќ.

Тој откри и како изгледа неговата исхрана.

„Денот го започнувам со млака вода и лимон, ова се користи за детоксикација на телото. Потоа пијам сок од целер на празен стомак, потоа следува пауза, а по паузата пијам зелено смути“.

„Генерално, јадам многу овошје. Во првиот дел од денот јадам салата која го „мами“ телото, но не ми одзема премногу енергија. Тогаш ми е најпотребна бидејќи најмногу трошам на тренинзите. Мојата исхрана вклучува киноа, компири и ориз“, откри тој.

Слични содржини