59
Синоќа дошло до ужасно врсничко насилство во едно основно училиште на територија на општина Ѓорче Петров. Според скопската полиција, татко пријавил дека соученици сакале со тврд предмет да извршат полово дејствие врз син му.
-Вчера во 20.00 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од Скопје пријавил дека во периодот од 11.00 до 15.00 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца негови соученици, кои со тврд предмет се обиделе да извршат полово дејствие врз него.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, стои во полицискиот билтен.