Павловска Данева: ДУИ во 2023 констатирал дека балансерот треба да се менува

од Nikola Popovski
104 прегледи

Уставната судијка Ана Павловска-Данева смета дека одлуката за укинување на „балансерот“ е правна одлука и не гледа зошто предизвикува лавина реакции во јавноста. Според неа, тие реакции се исклучиво на политичарите.

-Не слушнавме реакција или став дека одлуката е неуставна, неправна или политичка од страна на ниту еден правен експерт. Одлуката е донесена со мнозинство. Интересно е дека реагираат од опозицискиот блок, порача Данева во емисијата „Топ тема“.

Претходната влада на СДСМ и ДУИ во 2023 година донесе реформа за јавната администрација.

-Таа стратегија ја обврзуваа и оваа влада и има важност до 2030 година. Таму на страна 47, што е владин акт, е предвидено дека Балансерот ќе се напушти оти ја изгубил својата употребена вредност и бидејќи се злоупотребува. Исто така и дека на друг начин ќе се овозможи начелото на правична застапеност на малцинските заедници. Балансерот не го руши уставното начело за правична застапеност на заедниците, додаде судијката во Уставниот суд, нагласувајќи дека партијата на Али Ахмети во 2023 година констатирала дека треба да се менува балансерот.

Според Данева, и ВМРО-ДПМНЕ го имал како предизборно ветување укинувањето на овој механизам.

-Сите партии тврделе дека балансерот мора да се смени и давале ветување, информира уставната судијка.

Слични содржини