Битола слави: Прв историски бод за Пелистер

од Nikola Popovski
58 прегледи

РК Еурофарм Пелистер го слави првиот бод во историјата на ЕХФ Лигата на шампионите точно 19 години по единствената победа во елитата над Кадетен Шафхаузен. Македонскиот шампион успеа да стигне до првото реми во најелитното европско клупско натпреварување против лисабонски Спортинг 24:24 во четвртото коло со голот на Павле Атанасијевиќ.

Домашните губеа со 21:24 на само минута и пол до крајот, но со головите на Радивојевиќ, Борзаш и на крајот Атанасијевиќ (по тајм-аутот на Португалците) постигнаа убав успех по 17 последователни порази во две сезони.

Избраниците на Бранко Ангеловски водеа со 15:13 на полувремето и 20:16 во воведната фаза од второто полувреме, но потоа дојде големиот пад и серијата на Спортинг од 8:1…

Кај домашната екипа Кузмановски, Радивојевиќ и Пешевски постигнаа пет гола, а кај гостите ист учинок имаа Мартин Кошта, Гури и Салвадор.

Од вчерашните резултати, Пари Сен Жермен беше подобар од данска Фредериција со 38:30.

Слични содржини