Гвардиола во САД пронајде засилување за одбраната

од Vladimir Zorba
8 прегледи

Дефанзивецот на Њујорк Сити, Кристијан Мекфарлејн би можел да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига. Шампионот Манчестер Сити е насочен кон 17-годишниот дефанзивец, објави Фабрицио Романо на социјалните мрежи.

Тимот на Пеп Гвардиола е подготвен да го ангажира играчот од МЛС во зимскиот преоден рок.

Мекфарлан има двојно државјанство – американско и англиско. Играчот се уште не направил избор за која репрезентација ќе настапува.

Дефанзивецот ги претставуваше двете страни на младинско ниво.

Слични содржини