Македонија ја разби Летонија и „граби“ кон повисокиот ранг од Лигата на нации

од Nikola Popovski
141 прегледи

Репрезентативната програма во Европа ја отворија фудбалерите на Македонија со дуел од третото коло од Ц дивизијата на Лигата на нации и победа во Летонија со високи 3:0, што ги остави на чело на групата, во борбата за пласман во повисок ранг.

И покрај почетната иницијатива, домашните забележаа убедлив пораз. На средбата прв се закани Јанис Икауникс, но пресвртот на теренот се случи во втората половина од првото полувреме. Најпрво голема шанса пропушти Енис Барди, а пред одморот Јани Атанасов погоди за водство на нашите.

Кога голема шанса за Летонија на крајот од првиот дел од мечот не искористи Раивис Јурковскис, а на почетокот на продолжението повторно Икауникс, следуваше нова казна во 70. минута. Голманот Столе Димитриевски ја имаше улогата на асистент, а Лирим Ќамили зголеми на 2:0.

Конечниот резултат го постави во третата минута од судиското надополнување, можеби најдобриот играч на тимот, Ељиф Елмас, со брилијантен удар од петнаесетина метри во горниот десен агол од голот на Летонците.

Во истиот временски интервал, Молдавија беше успешна во дивизијата Д. Во третото коло од групата 2, Молдавците ја совладаа Андора со 2:0.

Слични содржини