ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ и ДУИ потрошила 6 милиони евра за заштита на државата од сајбер напади, а беа нападнати повеќе државни институции

од Vladimir Zorba
14 прегледи

„Владата на СДС и ДУИ потрошила 377 милиони денари или околу 6 милиони евра за заштита на државните институции од сајбер напади во периодот од 2020 до крајот на 2023 година. Неправилностите и за ова ги констатираат и државните институции или Државниот завод за ревизија“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Државниот завод за ревизија констатирал дека владините тела склучиле 283 договори за информациска безбедност, а државата сепак не ги заштитила информациските системи на државата кои располагаат со чувствителни податоци.

Со сајбер напади се соочија повеќе државни институции меѓу кои, Министерствата за образование, Министерството за земјоделие, сајтовите на Влада, Државна изборна комисија, а некои хакерски подвизи воопшто не се регистрирани, бидејќи нема правна регулатива за задолжително пријавување“, додаваат од партијата на Власт.

Слични содржини