На денешната редовна 55-та седница, Советот на Општина Велес донесе едногласна одлука, утрешниот ден, 18 октомври 2024 година, да го прогласи за Ден на жалост поради трагичната смрт на тројцата сограѓани во сообраќајната несреќа што се случи вчера, на 16-ти октомври 2024-та година, на автопатот Скопје-Велес.
Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски манифестации закажани за утре, се одложуваат.
Угостителските објекти кои се на територијата на Општина Велес ќе емитуваат сериозна музика.
Од Обвинителството информираа дека се преземаат сите увидни дејствија и оти јавниот обвинител ги издал сите потребни наредби за вештачења.
Несреќата била пријавена во 17:45 часот кога на автопатот пред тунелот кај Катланово се превртело комбе.
Во несреќата беа повредени пет лица, кои, како што информираа од Министерството за внатрешни работи, се пренесени во болница.